Милошоски: Седум членки биле против, Грција воздржана за датумот за преговори – ММС
ММС

Објавено на: 06/19/19 9:01 AM

Милошоски: Седум членки биле против, Грција воздржана за датумот за преговори

На вчерашниот ЕУ Совет седум членки биле против датум за преговори со Македонија и Албанија: Франција, Холандија, Германија, Данска, Луксембург, Белгија и Шпанија. Дванаесет членки биле за преговори: Полска, Унгарија, Словачка, Чешка, Италија, Словенија, Хрватска, Белгија, Романија Естонија, Латвија, Литванија. Грција и другите воздржани! – напиша поранешниот министер за надворешни работи и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на Твитер.