Адеми на јавна дискусија во Штип за нацрт-законите за основно образование и стручни соработници во основните и средните училишта – ММС
ММС

Објавено на: 06/19/19 8:04 AM

Адеми на јавна дискусија во Штип за нацрт-законите за основно образование и стручни соработници во основните и средните училишта

Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска ќе учествува на јавна дискусија за Нацрт-законите за основното образование и за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, што ќе се одржи во мултимедијален центар „Киро Глигоров” во Штип.

Од ресорното Министерство информираат дека настанот е во насока на поширока консултација на овие закони кои ќе претставуваат системски решенија од областа на образованието.

МИА