Пендаровски на средба со раководството на Стопанската комора на Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 06/19/19 6:56 AM

Пендаровски на средба со раководството на Стопанската комора на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе има работна средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, потпретседателите и членовите на Управниот одбор на Комората.

Средбата, како што велат од Комората, е во насока на имплементација на добрата практика за унапредување на јавно-приватниот дијалог помеѓу највисоките носители на власта во државата и приватниот сектор и овозможување заедничка дискусија во однос на можностите за подобрување на состојбите на економски план.

МИА