Најголемите 50 компании денеска ќе присуствуваат на конференција за донирање вишок храна, што е во организација на „Сите сити”, и ќе можат да ги слушнат предлозите и општествените придобивки од донирањето храна за целокупното општество.
На конференцијата најавено е обраќање на премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски и на претставници на бизнис-секторот.
Настанот ќе го отвори Блаже Јосифовски, претседател на „Сите сити”, кој ќе даде видување за состојбата во државата и за тоа како може големите компании да помогнат во намалување на проблемот со гладот и преголемото фрлање храна.
Конференцијата ќе се одржи во хотелот „Мериот” кој, како што информираат организаторите, како општествено одговорна компанија секогаш ги поддржува настаните од хуманитарен карактер и овој пат со овозможување бесплатна конференциска сала, техничка опрема и кафе-пауза.
МИА