Камионџијата што се преврте полесно повреден, нормализиран сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 06/18/19 4:03 PM

Камионџијата што се преврте полесно повреден, нормализиран сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје

Сообраќајот на автопатот Скопје-Тетово целосно е нормализиран од 16:00 часот, откако претходно околу 13:00 часот камион се преврте на коловозната лента и го блокираше движењето на останатите возила во близина на клучката Желино.

-По превртувањето на камионот околу 13:00 часот, па се до 14:30 часот сообраќајните полицајци ги пренасочуваа возилата на регионалниот пат Тетово-Скопје Р402. Камионот е отстранет од коловозната лента на автопатот „Мајка Тереза” во правец кон Тетово околу 14:30 час. Потоа до 16.00 часот е започнато одвивање на сообраќај само на една лента. Во 16:00 часот целосно се отстранети остатоците од камионот и од оштетената инфраструктура, по што сообраќајот е целосно нормализиран на двете ленти од автопатот Е65 Тетово-Скопоје, инфомираат од СВР Тетово.

Возачот кој го управувал камионот-влекач марка МАН, 66 годишниот А.Н жител на тетовско Желино,  при превртувањето е полесно повреден, а по укажаната лекарска помош во Тетовската клиничка болница е пуштен на домашно лекување.