Ристовски во Спортинг Лисабон добива соиграч од Македонија: Пристига од Вардар – ММС
ММС

Објавено на: 06/18/19 3:19 PM

Ристовски во Спортинг Лисабон добива соиграч од Македонија: Пристига од Вардар

Португалски Спортинг Лисабон од новата сезона веројатно ќе биде побогат за уште еден Македонец, барем ако се верува на турски „Гунес“.

Имено како што наведува споменатиот извор, младиот талент на Вардар, Али Адем кој требаше да биде наследник на Елиф Елмас во Фенербахче, сепак нема да пристигне во Турција.

Причина за ова е понудата од Спортинг Лисабон кои исто така силно се загреани да го видат младиот фудбалер во своите редови.

Се наведува дека менаџерот на фудбалерот, Рахман Кизце во текот на оваа седмица ќе замине за Португалија на заврши преговори пред евентуалниот потпис.

Извор: sportclub.mk