Јувентус пазари од ПСЖ: Недостига уште само потписот – ММС
ММС

Објавено на: 06/18/19 3:12 PM

Јувентус пазари од ПСЖ: Недостига уште само потписот

Италијанските, но и медиумите од Франција денес пренесуваат дека Јувентус завршил работа со играчот на ПСЖ, Адриен Рабио.

Како што се наведува, Рабиот конечно ќе си ја исполни желбата и ќе го напушти ПСЖ.

Неофицијално, за потписот со Јувентус ќе добие бонус од десет милиони, а притоа ќе има годишни примања од седум милиони евра.

За официјализација на целата преселба недостига само уште потписот кој ќе биде на пет години.

За Рабиот Италија ќе биде прво интернационално искуство, а се очекува да биде квалитетно засилување на кое новиот тренер Сари ќе може да се потпре.

Извор: sportclub.mk