Омиленото летно овошје го намалува крвниот притисок после 2 часа, а инсулинот за еден час – ММС
ММС

Објавено на: 06/18/19 2:46 PM

Омиленото летно овошје го намалува крвниот притисок после 2 часа, а инсулинот за еден час

Вишните не само што го намалуваат притисокот, туку и го намалуваат и нивото на инсулин во крвта, покажуваат резултатите од новото истражување.

Додека претходните студии ги истражувале индивидуалните аспекти на метаболичкиот синдром како што се крвниот притисок и триглицеридите, ова е прва студија која испитувала како вишните влијаат на инсулинската резистенција, хипертензија и дебелината.

– Најзначајно е дека видовме значително намалување на систолниот крвен притисок во првиот час по консумирањето на бишни. Единствениот состав на вишните вклучува антоцијани, други полифеноли и влакна, објаснуваат истражувачите.

Во текот на шестнеделната студија, учесниците консумирале сок од вишни помешан со 100 милилитри вода, апчиња со компоненти од вишна или плацебо.

Истражувачите откриле дека оние кои го пиеле сокот имале значително намалување на систолниот крвен притисок два часа по внесот во однос на плацебо пијалокот додека апчињата значително го намалиле нивото на инсулин во рок од еден час.

Извор: denar.mk