Новата услуга, за која „Фејсбук“ на своите корисници за слободен пристап до нивните податоци ќе им исплаќа месечен надомсток, ќе им биде понудена на сите корисници на Гугл Андроид оперативиот систем што се постари од 18 години и имаат лична PaуPal-сметка. По одобрувањето од корисникот, заради истражување на пазарот ќе се прибираат податоци за мобилниот уред, за употребата на определени апликации, за времето поминато на нив, но и податоци за сите останати активности.
„На овој начин ќе откриеме кои апликации нашите корисници најмногу ги користат и како ги користат“, порачуваат од компанијата.
Новиот систем нема да прибира информации за лозинките и корисничките податоци, како ни за личните пораки и фотографии. Но, иако од „Фејсбук“ наведуваат дека податоците нема да и споделуваат со трета страна, стручњаците предупредуваат при договарањето корисниците да бидат внимателни.
Новата понуда на почетокот ќе биде достапна во САД и во Индија.


