Претседателот на Туркменистан го именуваше синот за гувернер – ММС
ММС

Објавено на: 06/18/19 11:29 AM

Претседателот на Туркменистан го именуваше синот за гувернер

Гурбангулиј Бердимухамедов, претседателот на Туркменистан, го именувал својот син Сердар за покраински гувернер, објави државната телевизија. За Сердар се предвидува ѕвездена кариера и се претпоставува дека еден ден би можел да го наседи татка си, пренесуваат агенциите.
Гурбангулиј Бердимухамедов (61) од 2006 година управува со државата богата со пророден гас во која живеат шест милиони луѓе. Нема слобода на изразување, а поради култот на личноста, Туркменистанците претседателот го нарекуваат аркадак (заштитник). Екстравагантниот претседател во однос на другите, главно студени средноазиски челници, редовно се појавува на државната телевизија изведувајќи разни атракции, како пукање со пиштол, фрлање кошаркаска топка во кош додека вози велосипед…
Сердар Бердимихамедов (37) е единствен син на претседателот. Порано бил во Министерството за надворешни работи на таа поранешна советска република, па заменик-гувернер на централна покраина Ахал, а сега ќе биде нејзин гувернер.