Трамп најави исфрлање на повеќе милиони мигранти од САД – ММС
ММС

Објавено на: 06/18/19 10:17 AM

Трамп најави исфрлање на повеќе милиони мигранти од САД

САД од следната седмица ќе почнат со депортација на повеќе милиони илегални мигранти, соопштил денеска американскиот претседател Доналд Трамп.

„Следната седмица Агенцијата за имиграција и царини ќе почне процес на депортација на повеќе милиони имигранти. Ќе бидат депортирани со иста брзина со која дошле во САД – наведува Трамп во објавената порака на „Твитер“.

Според неговите зборови, Гватемала се подготвува да потпише спогодба за сигурна трета земја. Според таа спогодба, мигрантите кои минуваат низ таа земја ќе мора во Гватмала да побараат статус на бегалци, а не во САД.

Големиот прилив на мигранти во САД Трамп го нарече инвазија. САД вчера соопштија дека повеќе нема да им даваат помош на Салвадор, Гватемала и на Никарагва доколку не преземат конкретни чекори за спречување на одењето на мигрантите во САД.