Во Штип инфосесија за Законот за финансиска дисциплина – ММС
ММС

Објавено на: 06/18/19 7:30 AM

Во Штип инфосесија за Законот за финансиска дисциплина

Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива денеска во Штип ќе одржи инфо сесија на тема „Закон за финансиска дисциплина и исполнување на договори”.

Целта на настанот е претставување на Законот за финансиска дисциплина и идентификување на предизвиците со кои се соочуваат компаниите при неговата имплементација, како и дефинирање конкретни предлози и решенија за подобрување на правната рамка.

Според организаторот, целта на предлозите од инфо сесијата е подобрување на условите за работа на компаниите.

На настанот ќе присуствуваат претставници на релевантни институции, стопанственици и експерти.

МИА