Германскиот весник „Билд“ попладнево објави нови прислушувани разговори во кои се слуша гласот на премиерот Еди Рама, поранешниот министер за економија Дамиан Ѓикнури, директорот на Министерството за внатрешни работи Арбен Кеши и други функцонери од социјалистичка партија.
Во сите нив се слуша како се договараат закани, купувања и манипулација со гласовите во пограничниот град Пешкопеја, кој се наоѓа на 23 километри од албанско-македонската граница кај Дебар.
-Прислушуваните разговори се од досието 184 кое три години останало во фиоките на албанското Обвинителството со кои се открива шокантна евиденција,- пишува новинарот Питер Тиде.
Иако според законот во Албанија на функцонер од јавната администрација му е забрането учество во изборна кампања или избор за некоја политичка партија, во една од 16-те новообјавени снимки, премиерот Рама во телефонски разговор со Кеши, на денот на изборите инсистира дали ги реализирал поставените цели, на што тој потврдно одговара.
И во останите снимки функцонери на СП, бараат купување и манипулација на гласовите.
Експресно по објавувањето на снимките Обвинителството за тешки кривични дела најави истрага за тоа кој ги извадил снимките од досието.
-Обвинителството за тешки кривични дела внимателно ја следи создадената ситуацијата без преседан што сериозно влијаела врз имиџот на албанското обвинителство, а е направено со флагрантно кршење на законот, соопшти Обвинителството.
Рама најави тужба против новинарот Питер Тиде. Рама на Твитер напиша дека одлучил ова прашање „да го однесе во суд во Германија“, бидејќи таму правдата „не си игра со тајните од една истрага, достоинството на граѓаните и почитта кон државата.
-Решив овој новинар да го однесам во германските судови, во оваа благословена земја каде правдата не си игра со тајни од истрага и каде достоинството на луѓето и државите се почитува како непроценлива вредност.Ајде да видиме кој е во право во оваа пропуштена историја на правдата, пишува Рама,кој претходно објавувањето на снимките од прислушуваните разговори ги оцени како уцена.
Преку Фејсбук му одговори новинарот Тиде кој наведува дека „Рама се уште не слушнал за независно судство“, па затоа бара истрага од обвинителството.
“Г-дин Премиерот, дали сакате да ме тужите? Затоа што сум го навредил височеството, или зошто? Касетите се оригинални. Или се сомневате во материјалот на вашите обвинители? Во Албанија, не можете да ме обвините: кој суд работи? Мило ми е што прифативте … ” му одговори новинарот Тиде на Рама.