Фото: Илустрација
Застапеноста на пластичниот отпад на дното на Јадранското Море е речиси најголема во Европа, по североисточниот дел на Медитеранот и Келтското море. Отпадот на Јадранот доаѓа од околу четири милиони луѓе кои живеат покрај брегот, а тој број се зголемува речиси шест пати во текот на туристичката сезона – наведува меѓународен тим експерти во студија објавена во списанието „Марин Полушн Булетин“.
Според студијата, посебен проблем е тоа што станува збор за мало, плитко и полузатворено море кое со Средоземно море, кое исто така е полузатворено и загадено, е поврзано со Отрантските врати, широки само 80-ина километри.
Во јужните хрватските води најголем дел од отпадот, околу 90 отсто, доаѓа преку струите и ветровите, најмногу од Албанија.
Перо Тутман од Институтот за океанографија и рибарство во Сплит (ИЗОР) вели дека од 70 до 80 отсто од отпадот во морето доаѓа од копното, додека останатиот стигнува преку морскиот транспорт, туристичките активности, наутичкиот туризам, рибарството.
Инаку, пластиката во морето се разградува за 450 години, алуминиумските конзерви 200 до 500 години, дрвото 13 години, хартијата две до четири недели


