Сите со нетрпение го очекуваме летниот одмор. Тоа е период кога се опуштаме од напорната работа и се обидуваме барем за неколку дена да се исклучиме од сите активности поврзани со работата.
Сепак, доколку добро не го испланирате вашиот одмор, стресот од работата може да го пренесите и за време на одморот. Токму затоа ви даваме неколку совети, како да се подготвите најдобро за летниот одмор, со цел да си поминете што е можно порелаксирано.
Водата може да биде премногу ладнa или премногу топлa. За премногу ладна вода разговараме кога нејзината температура е 15 целзиусови степени или помалку, а за премногу топла, кога температурата на водата изнесува 34 целзиусови степени или повеќе. Затоа Ве советуваме да влегувате во водата полека, со цел телото полека да се навикнува на температурата;
Ако водата е загадена, односно се разбранило морето, има дамки од нафта, или слично, избегнувајте да влезете во вода баш во тој момент за да избегнете проблеми со алергии, габични инфекции, па дури и труење;
Пред да влезете во морето бидете сигурни дека состојбата на морето е соодветна за Вашето пливачко знаење. Не ги потценувајте временските фактори кои влијаат на разбранување на морето и појава на дополнителни струи. Силниот јужен ветер влијае на појавата на високи бранови кои кај необучени пливачи може да предизвикаат дезориентација, конфузија и следствено на тоа прекумерен замор;
Пред да влезете во вода без разлика дали е полека или со скок во морето, задолжително проверете ја длабочината како и конфигурацијата на морското дно. Претежно, непрофесионалните пливачи при скок во вода не користат заштитна кацига за главата или останати заштитни средства, па како заштита за Вашата глава ве советуваме при скок на глава, скокајте со испружена рака над главата.