СДСМ вечерва во Охрид ќе одлучува за новото партиско раководство и за најавената „метла“ – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/19 2:52 PM

СДСМ вечерва во Охрид ќе одлучува за новото партиско раководство и за најавената „метла“

Денеска со почеток од 16 часот во салата во хотелот „Инекс Горица“ во Охрид ќе се одржи деветтата седница на Централниот одбор на СДСМ. На седницата ќе се дебатира за суштинските промени во партијата, новот систем на делување и работа на партијата, напредокот на државата, а се очекува и заокружување на внатрепартиските промени и избор на ново партиско раководство, се вели во партиското соопштение.