Јужна Америка во мрак – пречки во снабдување со струја – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/19 2:02 PM

Јужна Америка во мрак – пречки во снабдување со струја

олемиот дефект на електродистрибутивната мрежа ги остави Аргентина и Уругвај без електрична енергија, соопшти еден од главните снабдувачи со електрична енергија во Аргентина.

-Масивниот дефект во системот за електрично поврзување ги остави сите Аргентина и Уругвај без електрична енергија, соопшти компанијата Едесур на Твитер.

Секретарот за енергетика на Аргентина, Густаво Лопетеги изјави дека причините за колапс на системотсè уште не се утврдени. Тој рече дека снабдувањето полека се враќа во некои делови на земјата, но додаде дека процесот би можел да потрае неколку часа.

Според извештаите и делови од Бразил и Парагвај се соочуваат со прекин.

Аргентинските медиуми објавија дека прекинот на електричната енергија се случил утрово во 7 часот по локално време, предизвикувајќи прекин на јавниот транспорт и сообраќајна сигнализација.

Прекинот со струја се случува во време кога во делови на Аргентина треба да се одржи гласање за локалните избори.

Со енергетскио колапс се соочуваат вкупно 48 милиони луѓе во Аргентина и Уругвај.

Меѓу погодените провинции во Аргентина се Санта Фе, Сан Луис, Формоза, Ла Риоха, Чубут, Кордоба и Мендоза.

Според информациите на социјалните мрежи во мрак е голема територија -од главниот град Буенос Аирес на север, до Мендоза на запад и Комодоро Ривадавија на југ, меѓу многу други градови.

НоваТВ