Ракометната репрезентација го одработи првиот тренинг во салата во Струмица – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/19 11:56 AM

Ракометната репрезентација го одработи првиот тренинг во салата во Струмица

Македонската ракометна репрезентација пристигна во Струмица и го одработи првиот тренинг во спортската сала ,,Парк’’ за неделниот меч со соседна Грција во рамките на квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Селекторот на репрезентацијата Данило Брестовац ги има на располагање сите ракометари и најави можни две рокади за дуелот со Грција со цел освежување на селекцијата.
-Секако дека сме фаворити и одиме на победа, размислуваме на две измени во репрезентацијата кои ќе дадат свежина, се надевам дека ќе се наметнат и ќе дадат максимум, за да може да сметаме на нив за Европското, оти ростерот ни е тенок. Тука пред се размислувам на Дарко Димитриевски кој ќе го замени Кукоски но на овие два тренинга ќе го дефинираме составот и тактиката“, изјави селекторот Брестовац.
Во првата меѓусебна пресметка Македонија претрпе пораз од Грција во Кожани. Со победата над Турција селекцијата обезбеди учество на ЕП идната година но со реми или триумф над грците ќе донесе и прво место за Македонија во групата, кое исто така носи и подобра ждрепка за ЕП 2020.
Дуелот меѓу Македонија и Грција се игра во салата „Парк“ во Струмица, попладне, со почеток во 18 часот. За овој меч блесна и спортската сала која доби ново осветлување.

Извор:Дрнка.мк