(ВИДЕО) Тетовчани преку графити порачаа – „ДУИ, марш од Тетово“ – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/19 10:25 AM

(ВИДЕО) Тетовчани преку графити порачаа – „ДУИ, марш од Тетово“

„Муса+Али УДБА сте двајцата“, „Гадови, одете си од Тетово“, „ДУИ, марш од Тетово“, „Али, оди си“ се дел од многубројните графити напишани минатата ноќ низ улиците, ѕидовите, кружните текови и разни објекти низ градот Тетово, објави Цивил медиа.

Оваа акција на млади тетовчани е фотографирана и објавена во видео прилог на Фејсбук видео на кое не им се гледа лицето , доаѓа по објавувањето на бомбите на Ел Чека каде се слушаат челници на ДУИ како ги навредуваат тетовчаните и интелектуалците од Тетово.

Официјално, никој не ја презема одговорноста за нацртаните графити, а на сликите и видео снимките кои се шират по социјалните мрежи се гледаат само рацете и телата на младите тетовчани. Меѓу графитите има и пораки во кои се бара седиштето на ДУИ да се отсрани од Тетово, барање што деновиве наголемо се споделува на социјалните мрежи.

<iframe width=”870″ height=”490″ src=”https://www.youtube.com/embed/q-nrnIjQUB8″ frameborder=”0″ allow=”accelerometer; autoplay; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture” allowfullscreen></iframe>