Полицајци со лош пример – на мотор без заштитен шлем – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/19 10:14 AM

Полицајци со лош пример – на мотор без заштитен шлем

Оваа фотографија на двајца полицајци како се возат на службен мотоцикал низ Скопје без законски задолжителниот заштитен шлем, е само еден лош пример на останатите учесници во сообраќајот. Лето е, време кога мотоциклите се често превозно средство, а голем број учесници, вклчучувајќи ги и тие што треба да ставаат ред во сообраќајот редновно се возат низ учиците без шлем.

Законот за безбедност во сообраќајот предвидува казна од 50 евра за секој што ќе вози велосипед без кацига, односно заштитен елек.

Навечер и во услови на намалена видливост, задолжителен ќе биде и рефректирачки елек.

-Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четрицикл и четирицикл задолжително носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот. Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед, треба да носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот. Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед ноќе и во услови на намалена видливост треба да носат рефлектирачки елек за време на возењето на патот, е дел од текстот на Законот.

 

Фотографијата е од ФБ групата Ѕид на сообраќајниот срам