Корисниците приклучени на градскиот водовод во Гостивар денеска ќе имаат прекин во снабдувањето со вода за пиење.
Од ЈП „Комуналец” информираа дека прекинот е предвиден во перидот од 7:00 до 12:00 часот и при тоа нема да се испорачува вода до градот и околните населби кои се снабдуваат од градската водоводната мрежа.
Петчасовниот прекин е предвиден поради изведување приклучок на нова водоводна линија со пречник Ф-500 во близина на поранешната фабрика „Силика”.
МИА