Кумашинот на советникот за странски инвестиции Љубе Бошкоски го доби тендерот во МВР за косење трева.
Гркот Нектариос Николаидис на осми мај годинава, склучил договор со Министерството за внатрешни работи за „услуги за косење трева“ во вредност од два милиони и 950 илјади денари, или речиси 48 илјади евра, пишува presing.mk.
Николаидис е сопственик на фирмата Ланд -Сервис ДООЕЛ Скопје.
Тој во 2009-тата година се ожени со Македонка од Кочани, а нивни венчален кум на свадбата беше токму актуелниот советник на премиерот за привлекување странски инвестиции, Бошкоски.
Тогаш медиумите пишуваа за кумството, а за Николаидис беше посоечено дека е бизнисмен и истовремено долгогодишен член на ПАСОК.
Инаку според истражувањето на Пресинг ТВ, Николаидис е еден и од сопствениците на Здружението за негување и развивање на националниот идентитет, култура и јазик на Грците и македонско-грчка соработка „Заедница на Грци обединети за подобра иднина Скопје“. Здружението е основано во 2015-та година, но нема јавно достапни податоци со колку пари располага.
Преземено:pressing.mk