Екс премерот Никола Груевски стана проблем кој стигна до унгарскиот Парламент. Во текот на денешната дебата, опозицијата ја обвини владата дека му помага на Груевски да ја избегне правдата во Македонија, пишуваат унгарските медиуми.
Пратеничката Агнес Вадија праша за целта на тајните состаноци во стан во Будипешта меѓу Груевски и заменик државниот секретар во Министерството за надворешни работи во Унгарија.
Во одговорот, унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, потврди дека со Груевски комуницира, за да дојде, како што рече, до автентични информации за тоа што се случува во Западен Балкан, со оглед на тоа што Груевски има 10 години искуство како премиер во Македонија.
-Доколку сакаме да добиеме најавтентична информација за она што се случува во Западен Балкан, до каде се процесите на Западен Балкан, тогаш со кого би разговарале, ако не со човек кој беше премиер таму 10 години? И да, ние редовно разговараме со него. Каде? Не е важно. На пример, во службата обично зборувам со него во мојата канцеларија. И фактот што претставниците на Министерството за надворешни работи се во контакт со еден човек кој беше премиер на неговата земја 10 години е, мислам, природен процес. И знаете што ќе прават моите колеги во иднина?! Ние ќе продолжиме да контактираме со него во иднина, и јас ќе продолжам да го консултирам во иднина за прашања што влијаат на Западен Балкан, рече Сијарто.
Со оваа последна реченица, Сијарето истакна дека, Груевски не се обидувал да се доближи до својата родна земја, туку до Путин и Русија.
На ова пратеникот Томаз Харангозо му одговорил:
-Вие сте одлучиле да користите осуден криминалец како доверлив советник.