На прес конференција, ВМРО ДПМНЕ тврди дека ЈП Исар во 2018 година набави електрична метларка во износ од 86.149 евра што е најскапата метларка во нашата држава.
-Техничките спецификации дадени во тендерската документација, апсолутно се поклопуваат со спецификациите само на машините од марката Green Machines, кое отвара дилема дали се работело транспарентно и одговорно кон другите компании кои продаваат исти вакви машини за чистење. Компанијата која го добива тендерот е единствена која се пријавила и е дистрибутер на овие машини, кои пак ги произведува фабриката во сопственост на вицепремниерот Кочо Анѓушев. Штип е уште една од жртвите на власта за која секојдневно дознаваме како врши одлив на јавни пари во приватни џебови, рече координаторот на ВМРО ДПМНЕ во Штип, Иван Јорданов.
Реагираа од ЈП „Исар“.
– Општина Штип и ЈП „Исар“ преку сопствени заштеди односно намалување на трошоците , набавијa нова машина за метење на Јавни површини со цел подобрување на хигиената и чистотата во градот. ЈП „Исар“ набави машина за метење на јавни површини, која е составен дел од програмата за работа на ова претпријатие за 2018 година усвоена од страна на Советот на Општината Штип, објаснија од „Исар“.
При тоа, од јавното претппријатие побараа ВМРО-ДПМНЕ да одговори „зошто двата половни моторцикли за метење на јавно прометни површини кои се набавени во висина од 1,5 милиони денари никогаш не беа ставени во функција, зошто набави половен компактор во висина од 3,5 милиони денари кои откако сегашното раководство констатираше дека е во неисправна состојба беше вратен на добавувачот со што се заштедија 3,5мил.ден, зошто изврши набавка на 1000 неупотребливи вентили во вредност од околу 5.000.000,00 ден. кој се уште се наоѓаат во магацинот на ЈП.