Во само пет часа во текот на вчерашниот ден, СВР Штип контролираше 92 автобуси и комбиња за превоз на патници и кај половината се констатирани прекршоци и техничка неисправност.
-Од контролираните возила, 61 се упатени во Станица за технички преглед. При контролите констатирани се неправилности, односно кај 4 е утврдена неисправност на уред за запирање, кај 2 неисправен уред за управување, 3 останати прекршоци. Санкционирани се и 35 останати прекршоци, соопшти СВР Штип.