Рекламите на партиите во медиумите се ризичен чекор – предупредува ЗНМ – ММС
ММС

Објавено на: 06/13/19 2:46 PM

Рекламите на партиите во медиумите се ризичен чекор – предупредува ЗНМ

Откако дел од приватните медиуми почнаа да емитуваат реклами платени од партиската сметка на СДСМ, ЗНМ реагираше дека тоа е ризичен чекор, кој може да ја уназади земјата на светските индекси за слобода на медиумите.

Според законските прописи на политичките партии дозволено им е да промовираат свои кампањи во приватните медиуми, но во време на предизборна политичка кампања. Иако не постои експлицитна забрана за рекламирање надвор од овој период, со оваа негативна пракса може да се влијае на уредувачката политика и на начинот на известување на дел од медиумите – предупредува ЗНМ.

Во услови кога политичките партии своето финансирање го обезбедуваат и од државниот буџет на Република Северна Македонија тие треба да бидат уште поодговорни при трошење на парите во приватните медиуми – додава Здружението во реакцијата.