Со 50 илјади швајцарски франци ќе бидат финасирани проекти во општина Брвеница кои ќе ги одберат жителите во рамки на Проектниот форум. Денес во училиштето во Челопек се одржа Прва форумска сесија, на која беа посочени проблемите со кои се соочуваат жителите, нивните можни решенија, како и нивните приоритетни потреби.
Градоначалникот на општина Брвеница, Енер Пајазити, смета дека искуството кое ќе го стекне сегашниот состав на Советот, ќе придонесе за понатамошно учество во повеќе проекти корисни за жителите на општината.
Проектниот форум се реализира во рамки на проектот Зајакнување на општинските совети кој е финансиран од Швајцарската агенција за соработка и развој, а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП и Општина Брвеница.
Зоран Димовски