Министерството за земјоделство соопшти дека поради зголемениот обем на работа и извоз на коскесто овошје на пазарите во Европската унја и во Руската Федерација, како и во интерес на земјоделските производители и откупувачи, Државната фитосанитарна лабораторија (ДФЛ) ќе работи и во сабота, задутре, но само за анализи за испитување на габата „Monilinia fructicola” кај коскесто овошје.
Доставувањето мостри за испитување на присуство на габата „Monilinia fructicola” ќе може да се направи од 08:30 часот до 13:00 часот во Државната фотосанитарна лабораторија.
ДФЛ работи согласно акредитираните методи, односно протоколите на Европската медитеранска организација за заштита на растенијата, при што добиените резултати се веродостојни и прифатливи за извоз.
Резултатите од лабораториските анализи од ДФЛ ја пратат пратката од коскесто овошје при извоз на рускиот пазар и се важни особено во овој период кога е зголемен извозот на коскесто овошје – велат од Министерството.