Објавен оглас: МВР ќе вработува 600 полицајци – ММС
ММС

Објавено на: 06/13/19 11:57 AM

Објавен оглас: МВР ќе вработува 600 полицајци

Министерството за внатрешни работи денеска објави оглас за вработување на 600 нови полицајци. Според огласот најмногу полицајци – 150 ќе се вработат во Скопје, 70 во Охрид, 50 во Струмица, 20 во Велес и по 10 во Битола, Тетово, Штип и Куманово. Предвидено е 270 полицајци да се вработат и во регионалните центри за гранични работи.

„Кандидатите треба да се полнолетни, а ако досега не биле вработени не треба да бидат постари од 25 години. Активно да го користат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и да имаат завршено најмалку четиригодишно средно образование“, се вели во огласот објавен од Министерството за внатрешни работи.

Рокот за доставување на пријавите е 15 дена.