Академик Блажо Боев е реизбран за ректор на Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип. Оваа одлука попладнево ја донесе сенатот на Универзитетот. Боев е редовен професор на Факултетот за природни и технички науки на Универзитетот.
Од Центарот за односи со јавност при Универзитетот информираат дека од 12 до 14 часот гласале наставно-научните совети на сите факултети и академии при УГД, а од 14 до 15:30 часот комисија ги сумирала резултатите, според кои, проф. д-р Блажо Боев повторно е избран за ректор на Универзитетот.
Во изборот на ректор на УГД, со свој глас на изборите во наставно-научните совети учествувале и студентите со свои претставници. Боев ќе раководи со Универзитетот „Гоце Делчев” до септември 2022 година, а ова е прв избор на ректор на УГД според новиот Закон за високо образование.