Србија: Германска компанија отвори фабрика во Панчево со инвестиција од 160 милиони евра – ММС
ММС

Објавено на: 06/12/19 12:57 PM

Србија: Германска компанија отвори фабрика во Панчево со инвестиција од 160 милиони евра

Во индустриската зона во Панчево германската компанија „ЗФ“ денеска отвори фабрика за производство автомобилски, железнички и бродски делови. Фабриката на површина од 25.000 кватрадни метри е изградена само за една година и во неа, во првата фаза, се инвестирани 100 милиони евра, пишуваат српските медиуми.

Во фабриката на почетокот ќе работат 300 работници, а со дополнително вложување од 60 милиони евра се планира проширување на капацитетот и вработување на нови 700 луѓе.