Гувернерот на Алабама, Кеј Ајвеј, потпиша закон со кој се воведува задолжителна хемиска кастрација за осудени лица за силување на деца помлади од 13 години.
Со законот е предвидено дека осудениците мора да почнат со медицински третман еден месец пред да бидат осободени од затвор, а соодветни лекови ќе треба да земаат сè додека судот не одлучи да прстанат.
„Ова е важен чекор за заштитата на децата во Алабама“, изјави гувернерот по потпишувањето на законот, објави Би-Би-Си.
Осудените силувачи ќе мора сами да платат за третманот, кој подразбира пиење таблети или примање инјекции со хемиски супстанци кои го блокираат производството на тестостерон во телото.
Алабама е седмата американска сојузна држава која го воведе законот за хемиска кастрација на силувачи.