Владите на Северна Македонија и Република Косово ќе одржат заедничка седница. Меѓувладината седница ќе се одржи во Скопје, но кога, се уште не се знае. За тоа ќе одлучат премиерите на двете земји Зоран Заев и Рамуш Харадинај, во согласност со нивните агенди.
Владината прес служба тврди дека веќе се направени неопходните подготовки за одржување на заедничка седница.
Во рамките на подготовките се одвиваат разговори за дефинирање соработки меѓу двете земји, во неколку области и тоа: транспорт и инфраструктура, трговија и економски развој, соработка со дијаспората, внатрешни работи, правда, земјоделство, шумарство и водостопанство, здравство, култура и образование.