Министерството за здравство соопшти дека новите шест амбулантни возила, наменети за здравствените домови во Крушево, Крива Паланка, Берово, Кичево, општите болници во Струга и во Дебар ќе бидат пуштени во употреба веднаш по завршување на административно-техничките работи.
Новите шест возила за Итната медицинска помош при Здравствен дом Скопје веќе се пуштени во употреба. Тие се регистрирани, доопремени со потребната медицинска опрема. Со овие возила, за сто проценти е зајакната Итната медицинска помош.
Од Министерството посочуваат дека во отворена и транспарентна постапка се набавени 12 нови возила за Итната медицинска помош и се заштедени 12 милиони и 240 илјади денари или околу 200 илјади евра.