Бил Клинтон пристигна во Приштина, утре доаѓа и Медлин Олбрајт – ММС
ММС

Објавено на: 06/11/19 12:50 PM

Бил Клинтон пристигна во Приштина, утре доаѓа и Медлин Олбрајт

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон присигна во Приштина, а на аеродромот го пречекаа потпретседателот на косовската Влада Беџет Пацоли и поранешната косовската претседателка Атифете Јахјага.

Клинтон утре ќе присуствува на 20-годишнината од влегувањето на НАТО во Косово и, како што објаснуваат во Приштина, „ослободувањето на земјата од српските освојувачки сили“.

Бил Клинтон во 1999 година, кога беше косовската криза и бомбардирањето на НАТО на тогашна СР Југославија, беше претседател на САД. Него попладнево ќе го прими косовскиот премиер Рамуш Харадинај и претседателот на Косово, Хашим Тачи, а за потоа се најавени изјави за медиумите.

Во Приштина утре треба да пристигне и американската државна секретарка од Клинтоновата администрација, Медлин Олбрајт. Во близина на центарот „Боро и Рамиз“, во Приштина ќе биде откриена биста со нејзиниот лик.