Извештајот за констатираните оставки  на пратениците е испратен до ДИК која веднаш на седница ќе ги констатира и ќе ги предложи Камчев и Филиповски за нови пратеници.

Се очекува информацијата за двајцата нови пратеници ДИК да ја проследи во текот на попладнево.

Ѓорги Камчев доаѓа од редовите од ВМРО-ДПМНЕ од листата за пратеници од четвратата изборна единица, додека Александар Филиповски беше на листата на СДСМ во првата изборна единица.