Рано утрово во 03.40 часот на обиколницата Скопје, во правец од Тетово кон Велес, во близина на клучка Радишани, патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(40) од Скопје, изгубило контрола и се превртело.
Притоа, возачот починал на местото, додека едниот сопатник Б.Н.(42) се здобил со телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош, а другиот сопатник А.С.(29) се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош.
Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.
За неколку часа ова е втора несреќа на обиколницата кај клучката Радишани. Утринава се судрија два камиони.