Започна акцијата на извлекување на остатоците од унгарскиот туристички брод Сирена, потонат во близина на мостот во центарот на Будимпешта, јави Ројтерс. Полицијата е на локацијата и ги извлекува телата од бродот.
Спасувачките екипи извлекоа четири тела, од полека подигнатиот брод кој потона пред две недели откако се преврте на реката Дунав во Будимпешта со група туристи од Јужна Кореја, објавија официјални лица.
Во акцијата се вклучени нуркачи, кои подметнале потпора под потонатиот брод за да му овозможат на големиот пловен кран што побезбедно и полесно да го подигне бродот од дното. Потонатиот брод бил стар околу 70 години и засега не е познато колку штета претрпел за време на судирот.
Во операцијата што е во тек ќе се обиде да се избегне можно кршења на трупот, и се очекува во остатоците да се пронајдат повеќе тела кои за време на несреќата останаа заробени во внатрешноста на бродот.
MKD.mk