Република:Вака денес вози автобус на „Дурмо турс“-Гумата само што не паднала – ММС
ММС

Објавено на: 06/11/19 10:41 AM

Република:Вака денес вози автобус на „Дурмо турс“-Гумата само што не паднала

Со гума која само што не испаднала и задушлив мирис на чад, вака низ центарот на Скопје, на крстосницата пред зградата на Владата, вози уште еден „исправен“ автобус на „Дурмо турс“, објави Република.

Ова е автобус во кој се превезуваат патници на релација Гостивар-Скопје, а поминал технички преглед.

Не поминаа ни четири месеци по несреќата кај Ласкарци во која животот го загубија 16 патници на овој превозник. Во меѓувреме, од затворски во домашен притвор отидоа првоосомничениот – сопственик на „Дурмо Турс“ Дурмиш Белули и шестоосомничениот – возач на автобусот.

преземено-република.мк