Кирацовски ги донира месечните примања на пожарникарите кои попладнево се бореа со огнената стихија во Кисела Вода – ММС
ММС

Објавено на: 06/10/19 6:38 PM

Кирацовски ги донира месечните примања на пожарникарите кои попладнево се бореа со огнената стихија во Кисела Вода

– Брзата реакција, организираноста на противпожарната единица на Град Скопје која денес успешно се справи со пламените јазици од пожарот настанат во зградата во Кисела Вода (во чија близина привремено престојувам и јас со своето семејство), треба да биде пример за посветеност, пожртвуваност кон својата работа во служба на граѓаните, за многу општествени истакани личности, како и за вработените во сите институции.

Хероите – пожарникари, кои неколку часа се справуваа со настанатиот пожар, спасија повеќе животи, ставајќи го својот во ризик.

Тоа мора да се поздрави и да се награди, за да се поттикне како пример на однесување за сите нас.

Во таа насока, како пратеник во републичкото Собрание, изјавувам дека за ПОЖАРНИКАРИТЕ – ХЕРОИ, во форма на награда ги издвојувам моите месечни приходи.

Истовремено ги повикувам сите кои се во можност да го сторат истото во најразлична форма за овие хумани луѓе, но и за семејствата чиишто станови се зафатени од пламенот на настанатиот пожар, порача Александар Кирацовски, пратеник на СДСМ.