Една повозрасна жена сѐ уште се наоѓа во својот стан кој е над опожарениот во населбата Кисела Вода на улица ,,Народни херои“ број 23.
Таа не може да се симне низ скалите бидејќи целиот влез и ходникот се со густ чад.
Спас бара на прозорецот од купатилото.
Пожарникарите веќе евакуираа неколку деца, а сега се во спасувачка мисија на оваа жена.
Еден пожарникар е повреден, еден стан целосно изгорен,а уште неколку беа зафатени и се со помала материјална штета.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски , дојде пред зградата на улица ,,Народни херои“, во која неколку станови се опожарени, за да помогне и да се запознае со фактичката состојба.
Откако со вработени од администрацијата поделија вода за станарите кои вдишале повеќе чад за време на евакуацијата, тој за АКО.мк изјави дека според правилникот на општината , станарите чии станови се зафатени со пожарот ќе добијат еднократна парична помош од 30.000 денари.
Темелковски рече дека непланското надоградување на зградите, затворените приоди кон покривната конструкција и соѕиданите помошни скали, се главни причини за отежнатата интервенција на пожарникарите.
Инаку, тие вложија натчовечки напори, но постојано се соочуваа со слаб притисок на водата во цревата,кои пак попуштаа и пукаа за време на интервенцијата.
Извор: Aко.мк