(ВИДЕО)Иако пуштен, на автопат Штип – Миладиновци се’ уште се работи – ММС
ММС

Објавено на: 06/10/19 2:27 PM

(ВИДЕО)Иако пуштен, на автопат Штип – Миладиновци се’ уште се работи

Го возевме автопатот Штип – Миладиновци во двата правци и едно е сигурно: Автопатот се’ уште не е целосно завршен, иако е времено пуштен во употреба.

Скината жица, недовршени банкини, работници на патот, па дури и возење во спротивна насока, се само дел од воочените недостатоци. Но, да тргнеме по ред.

Не е доправен излезот за Кочани. Видливи вдлабнатани на патот, што можете да забележете и на видетото по тресењето на камерата. Иако нов, се работат поправки на патот. Знаци „работа на пат“.

Автопатот е опасен, бидејќи има директни влезови од куќи и населено место. Недовршена банкина. Работа на пат пред Свети Николе. Недовршен влез на патот. Од спротива, ведаш до Свети Николе е единствената бензинска пумпа на цел автопат и тоа само од паравец Миладиновци – Штип!

Уууупс… мотоцикл вози во спротивен правец…веројатно да скрати пат до излезот. Прегазено животно на патот (прво на кое наидовме) …јазовец веројатно побавен од возилото на кое налетало. Овде веќе се вози и повеќе од дозволените 130 км/ч.

Првото свлечилиште покрај патот. едно од од неколкуте. Таму каде што се пробивани ридчињата има направено насипи, но на неколку места насипите попуштиле и се појавиле свлечишта. Поголем дожд лесно ќе ги истури на патот

Вдлабнатини на патот и необезбедна десна страна. Работа на пат. Пак! За селото Коњаре според сообраќајниот знак, е забрането исклучувањето, но во пракса е можно и е слободно. Работа на пат…  Прегазена верверичка. Просторот помеѓу двата правци е обраснат со трава како да се работи за стар автопатот, а не днеовиве пуштен. Несредено зеленило што пречи во сообраќајот. Ќе треба здрава градинарска рака.

На повеќе места, иако е автопат, забележливо е ограничување на брзината на 70, а некаде и 50 км/ч. Ако не се познава патот лесно може да се промаши излезот за Куманово.

Има знак 2000 метри до Миладиновци, а никаде не пишува како да се приклучиш. Нејасно е и како да се исклучи возачот десно, пред наплатната рампа Миладиновци. Заштитната мрежа е скината, а звучните бариери прекинати покрај куќите. Веднаш до една од куќите куче кое го претрчувало автопатот, предизвика сообраќајка. Очевидци сведочат дека потоа уште три возила удриле во кучето, кое немало кој да го отстрани.

Во 47 км. никаде нема стојалиште или паркинг за да се застане.