Акцијата „СЕ БАРА ТОР ОД ПЛАНЕТАТА АЗГАРД“ е дело на група уметници и активисти од Штип, а е поттикната од инфраструктурните проблеми во овој дел од градот.
Денес, на булевар „Партизанска“ во близина на основното училиште “Тошо Арсов”,во Штип се бараше Тор од планетата Азгард.
Коцките на овој дел од булеварот се пропаднати, изгледа како кратер на патот или како овде да паднал чеканот на Тор.
Од Акцијата се повикуват надлежните власти да ги санираат проблемите на овој дел од булеварот и соодветно да бидат поставени заштитни мерки, знаци, табли, зебра за пешаци, што ќе доведе до поголема сигурност за возачите, учениците и пешаците.