По повод видео-материјалот објавен на неколку портали и на социјалните мрежи, каде што е прикажан вработен во ЈП „Комунална хигиена”-Скопје како собраниот отпад го исфрла во реката Вардар, раководството на Претпријатието му даде отказ на работникот.„Само во Македонија се фрла пикавец на улица, ѓубре од тераса и во Вардар!Повалкана нација во Европа нема!“, беше еден од коментарите.
-Станува збор за работник ангажиран во Одделението за одржување на јавната чистота, којшто сторил тежок дисциплински прекршок, притоа сериозно нарушувајќи го угледот на ЈП „Комунална хигиена”-Скопје.Од овие причини беше донесена одлука денеска – 10.06.2019г., ова лице да биде отстрането од работното место.Во овој контекст, би сакале да ве известиме дека ниту едно прекршување на работната етика и дисциплина, ниту пак обид за уривање на угледот на Претпријатието нема да бидат толерирани и против сторителите ќе бидат преземени најстроги казнени мерки, соопштуваат од ЈП „Комунална хигиена”-Скопје.
https://www.facebook.com/makedonskivesnik/videos/549733012098694/