Груевски по тајната средба во стан во Будимпешта заминал на забава на брод – ММС
ММС

Објавено на: 06/10/19 8:32 AM

Груевски по тајната средба во стан во Будимпешта заминал на забава на брод

Унгарските новинари не престануваат да го следат движењето на поранешниот македонски премиер  Никола Груевски. Изминататите денови се разви приказната со неговата тајна средба со унгарски дипломат во стан за изнајмување, чие присуство беше забележано од камерата на новинарот на порталот 444, Петер Ердеј. Груевски не сакаше да коментира и цело време повторуваше дека нема да дава изјави, по што замина со возило со германски регистерски ознаки. Веднаш по ова средба, Груевски беше виден на прием на еден од бродовите на Дунав. Новинарот  Балаж Цеко објави фотографија на својот Твитер налог каде се гледа дека екс премиерот е во друштво со неколку мажи, чиј лик е скриен на фотографијата. Во коментарот во прилог на фотографијата, новинарот по хронолошки ред потсетува дека Груевски се сретнал со заменикот државен секретар во унгарското МНР, Иштван Ѓеу во стан за изнајмување на двајца кинески државјани, од кои еден е инвеститор со престој во Унгарија, по што откако беше фатен на излегување од новинарот на 444, е виден на бродот. При тоа, новинарот потсетува на зборовите на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој пред неколку месеци изјави дека унгарската влада нема ништо со бегството на Груевски.

Откако беше објавено видеото на 444, весникот го објави ставот на унгарското МНР, кое тврди дека тоа не било ништо необично што е во контакт со лице ке долги години било премиер на својата земја.

Сепак, новинарот на „444“ во изјава за „Телма“ смета дека средбата била тајна, бидејќи во спротивно не би се среќавале во приватен стан.

-Ако МНР сака да се сретне со некого може да го поканат во министерството или на многу други места. Мислам дека сакале да ја држат средбата во тајност, но имаа неверојатно лоша среќа“, изјави Ердеј за „Телма“.

Весникот објави подолга приказна, во кој дава детали околу станот.

„Во жаргон за национална безбедност, недвижниот имот се нарекува К-стан или стан за тајни средби каде што може да се одржат состаноци како тој во петокот. По дефиниција пред промената на режимот, “К-станот е за изнајмување на државни безбедносни агенции, кои се користат за прикривање, за прием на мрежни лица, службеници на СТТ за спроведување оперативни акции, за периодичен надзор на непријателски објекти и лица”.

Според  извори на весникот  444.hu, некој од  националната безбедност направил огромна професионална грешка кога не сфатил дека организирал таков состанок до седиште на медиум.

Исто така во текстот се анализира возачот на автомобилот во кој влезе Груевски.

„На сликата има две интересни работи. Кај возачот  се гледа лента за на рамо, веројатно од ташна, обвиткан е во некои, според извори запознаени со безбедносни прашања, обично нешто како ташна за чување оружје кај обезбедувачи во цивилна облека, така што нема да бидат видливо оружјето. Од друга страна, од страната на совозачот може да се види и преку стакло матрица, која е сателитски систем за далечинско следење“, пишува 444.