Молдавскиот суд го разреши од должноста претседателот Игор Додон, а за преоден претседател го постави поранешниот премиер Павел Филип, се наведува во соопштението од судот.
Судот објаснува дека Додон не го распуштл парламентот, а тоа морал да го направи во согласност со претходната одлука на уставниот суд.
Демократската партија на Филип вчера објави дека ќе го оспори легитимитетот на новата влада именувана истиот ден со поддршка на Додон. Филип, откако е именуван за преоден претседател, веќе распиша вонредни избори во септември.
Молдавскиот парламент вчера го одобри составот на коалициската влада, составена по повеќемесечни преговори, во која учествуваат Социјалистичката партија на проруски ориентираниот Игор Додон и проевропскиот сијуз АЦУМ на премиерката Маија Санду, која вети дека ќе го намали влијанието на олигарсите во Молдавија.
Молдавија е земја со 3,3 милиони жители помеѓу Украина и Романија. Тешко излегува од политиките кризи и редовно е на удар на политичко-финансиски скандали, како оној од 2016 година кога од три домашни банки исчезнаа милијарда долари, што е 15 отсто од молдавскиот годишен БДП.