Кратовски наставници тужат – директорката:„нека се изрекламираат, може со тоа ќе најдат подобра работа“ – ММС
ММС

Објавено на: 06/7/19 5:30 PM

Кратовски наставници тужат – директорката:„нека се изрекламираат, може со тоа ќе најдат подобра работа“

Четри наставници од ООУ „Кочо Рацин“ од Кратово по пет години работа во ова училиште со договор на определено, наместо да добијат договор кој ќе го регулира нивниот работен статус на непоределено време, тие добиле отказно решение. И додека наставниците покренаа тужби, директорката со одговор: „нека се изрекламираат, може со тоа  ќе најдат подобра работа“.

Сагата за овие четири кратовски наставници започнува по смената на власта на локалните избори во Кратово, и назначување на нова директорка на чело на училиштето. По истекот на договорите на определно време на наставниците, истите не им се продолжуваат ниту пак се трансформираат. Наместо тоа,  се распишуваат нови огласи за вработување во училиштето. Настанвиците не добиваа никакво образложение.

Токму поради ваквата одлука на диркеторката, наставниците се одлучуваат да го тужат училиштето. Една од оштетените во случајот е Кристина Младеновска Кузмановска, која повеќе од 9 години работи како наставник во ООУ „Кочо Рацин“, и која имала договор на определено време, но по истекот и било врачено отказно решение.

„Јас се жалев  поднесов тужба до училиштето дека ни врачија отказно решение, значи престанок на работен однос и потоа нашиот суд, Основниот суд во Кратово досуди против мене.  Потоа поднесов жалба до Апелациониот суд до Скопје кој наведе одредени насоки во моја корист и го врати делотото на повторно судење во Основен суд во Кратово. Следното судење го добив, судијата првично кој пресуди против мене, сега досуди за мене, но училиштето не било задоволно од таквата пресуда, па поднесе жалба. И сега се уште е во процедура, поднесе исто жалба до Апелационен суд, која треба да биде во секој момент и после не знам што би се случило“, раскажува Младеновска за Канал 77, која од 2009 година била наставник во ова училиште. На нејзиното место во моментов работи нов наставник

„За тие девет години не добив трансформација на работниот однос, цело време потпишувавме договори на три месеци па на девет, а законски е потребно откако ќе поминат пет години на истото работно место треба да се врачи трансформација на работен однос, од определено на неопределено. Меѓутоа мене не ми дадоа, цело време ме лажеа дека ќе ми дадат решение на неопределно, меѓутоа мене само ми го продолжуваа договорот“. Младеновска раскажува дека  договорот им престанал кон крајот на ноември, но и покрај тоа тие се уште оделе на своето работно место, се додека не се појавил оглас за тоа работно место.

„Откако излезе огласот, јас пак аплицирав како и секоја година што правев, откако аплицирав мене ми рекоа дека јас не сум одбрана и ми врачија решение за престанок на работен однос“.

Кога го побаравме раковдство на училиштето добивме само кратко објаснување од директорката  Рада Зафирова , која не сакаше да даде тонска изјава.

„Не знам кој ве информирал и што ве информирал тоа е многу покомплицирано, немам што да ви кажам пошто јас таа ситуација ја затекнав од претходните директори, кога ќе се заврши целиот тој процес можеби може нешто да пишувате но ова се уште трае“, рече  Зафирова.

Во разговорот таа потенцираше дека вистината ќе се види на суд, бидејќи како што рече и таа била затечена. „Не е спорно што имаат нека си кажат, објаснете се нека се изрекламираат, можеби ќе најдат поубави работи од овие. Канал 77 сигурно не е агенција за вработување“, беа зборовите на директорката, Зафирова.

Наставниците пресудите ги добиле во нивна корист, при што училиштето треба да им плати судски трошоци во износ од 213.290 денари за сите четири наставници и да ги врати на нивните работни места, но ова се само судски трошоци за пресудите со кои треба да се вратат на своите работни места. Сега следува тужба по основ надомест на штета што една година не биле во работен однос кој им следел законски, со камата и многу дополнителни трошоци со вредност од неколку десетици илјади евра.