Три лица се повредени во сообраќајката кај кочанско Уларци – ММС
ММС

Објавено на: 06/7/19 3:50 PM

Три лица се повредени во сообраќајката кај кочанско Уларци

Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на патот Штип – Кочани во близина на кучичинско –уларската раскрсница кај селото Уларци. Во моментов со воио на Итната медицинска помош се транспортираат кон Клиничката болница, по што ќе се знае тежината на нивните повреди.
Според портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова, незгодата се случила околу 16:10 часот, меѓу три возила.Едното возило се движело во правец од Штип кон Кочани, додека останатите две возеле во обратен правец.
Додека полицијата и јавен обвинител вршат увид, сообраќајот е стопиран во двете насоки се одвива преку алтернативните патишта. Возилата се приклучуваат преку селата Долни Балван, потоа Карбинци, па поминуваат преку селото Борилчево и излегуваат на клучката кај селото Кучичино и Чешиново.