Китанов: Ниедна патарина нема да поскапи, туку ќе поевтини – ММС
ММС

Објавено на: 06/7/19 1:11 PM

Китанов: Ниедна патарина нема да поскапи, туку ќе поевтини

Ниедна патарина нема да поскапи, туку ќе поевтини. Ова го изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, во Кавадарци, запрашан да ги коментира стравувањата на граѓаните од зголемени патарини.

-Некој од ова сака да направи дневно популистички настани и луѓе задолжени да пишуваат по социјалните мрежи, не прочитале за што станува збор. Нема никакво покачување, има намалување. Како има намалување. За десетина  дена ќе ги пуштиме електронските патарини од коридорот  10. Секој што ќе користи картичка,  ќе има бонус во зависност од сумата. Особено за камионите. Таму имате одредена сума и до седум отсто. Тој што има 50 камиони, на годишно ниво седум проценти, дали имате претстава колку е тоа. Значи има намалување,  изјави Китанов.

Тој истакна дека исправена е една неправда  од минатото. Мотоциклите,како што рече, сега плаќаат помалку од порано. На последната седница Владата  ги оддели во посебна  категорија 1А, што значи тие ќе плаќаат помалку од автомобилите.

Посочи дека патарина ќе има кај Смоквица и додаде дека треба да биде јасно оти на секој автопат во светот се плаќа патарина во различен облик.

-Нашите цени се убедливо најниски во регионот. Едно што е најбитно. Сите овие градби кога ќе завршат за 5-6-7 години, одржувањето на патната инфраструктура  ќе чини околу 100 милиони евра. Парите од патарините  ги користиме за ова, за граѓаните,  а не за жални врби, дециден беше Китанов, кој во Кавадарци беше на увид на направениот излез од градот кон Росоман, заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и градоначалникот Митко Јанчев.