Во Филипинското Море денес за малку ќе дошло до судир на воени бродови на САД и на Русија што предизвика меѓусебни обвинувања на воените команди на двете земји.
Прва се огласи Пацифичката флота на Русија, која соопшти дека Москва испратила протест до командата на војската на САД. Русите тврдат дека американскиот крстосувач му го попречил минувањето на разурнувачот „Адмирал Виноградов“, доближувајќи му се само на 50 метри.
– Додека вршел операции во Филипинското Море, рускиот разурнувач изведе небезбедна и провокативна маневра кон американскиот брод „Чанселорсвил“ и му се доближи на само 15 до 30 метри – рече портпарол на на Седмата флота на американската морнарица.